Центар за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ

Во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје се отвори новиот Центар за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ. Целта на овој центар е да ги приближи академското образование и практичната експертиза и да ги подготви студентите за подобро справување со предизвиците во индустријата.

Раде Кончар ТЕП како општествено одговорна компанија го поддржа отворањето на овој Центар преку спонзорство во делот на обезбедување на работни маси, електрични инсталации, осветлување и сл.

Раде Кончар ТЕП и понатаму ќе го поддржи развојот на овој Центар со надеж за успешно остварување на целите на истиот.