Раде Кончар - ТЕП
Кои сме ние
Раде Кончар ТЕП е водечка компанија во металопреработувачката и електро-индустрија како во Македонија така и во останатите Балканските земји. Претставува дел од брендот "Раде Кончар" што егзистира 70 години.
Од своето основање во 2006 година, ТЕП како дел од Раде Кончар-Сервис, континуирано се развива во насока на иновација на нови производи, иновации во процесот на производство, иновации во пристапот на работа и опслужување на пазарот со квалитетни производни решенија.
Што работиме
Нашата компанија нуди комплетни решенија од областа на генерирањето и дистрибуцијата на електричната енергија, како и специјализирани решенија за индивидуалните барања на клиентите.
Нашите технички оддели постојано работат на подобрување и усовршување на функционалноста, квалитетот и изгледот на нашите производи.
Успехот на нашите производни решенија се должи на посветеноста, професионалноста и страста на нашиот тим, постојано следење на барањата на пазарот и светските трендови, како и комбинирање на функционалноста и дизајнот на нашите решенија.
Веруваме дека постојаното инвестирање во истражување и развој е суштински дел од поддржување на иновативна и развојна економија, која помага во одржување на работни места со висока вредност и помага во привлекување на нови бизнис можности и талентиран кадар.
Производствена програма
- дистрибутивни маслени трансформатори до 1600kVA
- високонапонски постројки за напонско ниво до 110kV
- компактни бетонски трафостаници за напон 20-10/0,4kV за снага на трансформатор 1250kVA
- сите видови мерно разводни, приклучни, кабелски разводни ормари, нисконапонски разводни табли за дистрибутивните мрежи во Македонија – EVN
- нисконапонски командни, разводни табли и ормари за потребите од индустријата
- управувачки пултови за процеси во индустријата
- изработка на комплетни проекти, монтажа, испитување и пуштање во работа на нисконапонски, среднонапонски и високонапонски комплексни објекти
Историја
2006Раде Кончар – ТЕП
Формирање на компанијата Раде Кончар – ТЕП во состав на компанијата Раде Кончар – Сервис2005Купување
Купување на компанијата Раде Кончар – Електрични постројки1996Приватизација
Раде Кончар – Сервис станува независна компанија во приватниот сектор1990Раде Кончар – Апаратна
Компанијата станува дел од холдингот Раде Кончар – Апаратна техника – Скопје1967Дел од Раде Кончар – Загреб
Компанијата станува дел од Раде Кончар – Загреб, најголема компанија на полето на електро-индустријата на територијата на поранешна Југославија1953Трансформатори
Почеток на производство на маслени дистрибутивни трансформатори1948ЈУГ
Формирана е компанијата ЈУГ – сервисирање и поправки на маслени дистрибутивни трансформатори и електромотори