Раде Кончар ТЕП во соработка со ФИТР, во рамки на иновациски ваучер уште еднаш покажaа дека соработката со научните институции резултира со развој на нов физички прототип и иновативен производ.

На основа на нумерички, лабораториски анализи, како и примена на современо адитивно производство (3Д принтинг) за потребите на РК ТЕП развиен е нов и подобрен иновативен производ во соработка со Лабораторијата за обликување со деформации и брзи прототипови на Машинскиот факултет во Скопје