Во гамата на производи од делот на надземни водови до 35kV напонско ниво, Раде Кончар ТЕП нуди 3 типа на разделувачи на моќност за монтажа на отворено:

  • Разделувач на моќност за хоризонтална монтажа на отворено (РМХМО)
  • Разделувач на моќност за вертикална монтажа на отворено (РМВМО)
  • Разделувач на моќност за вертикална монтажа на отворено со подножја за ВН-ВМ осигурувачи (РМВМО-О)

Производството на расклопните уреди до 20kV напонско ниво се одвива во производствениот погон на Раде Кончар ТЕП, согласно правилата и нормите кои важат во Република Македонија и воедно запазувајќи го стандардот EN62271 за високонапонски расклопни уреди.

Производствто на овој тип на расклопни уреди е резултат на взаемна соработка со нашиот партнер Dribo и потпишан договор за користење на лиценцата за производство на овој тип на уреди.