Мерно разводните ормари за директно мерење на електрична енергија за внатрешна монтажа се наменети за мерење на електричната енергија кај малите потрошувачи (станбени објекти). Тие се монтираат во затворен простор како слободностоечки, поставени на ѕид или во ѕид.
Mерно разводниот ормар се состои од 3 дела:
1. Долен дел – дел за шински развод со автоматски прекинувач
2. Среден дел – дел за електрични борила
3. Горен дел – дел за автоматски осигурувачи.
Сите мерно разводни ормари се изработуваат по стандардот EN 61439 и EN 60529.