Бетонската трафостаница претставува самостојна постројка - моноблок целосно изведена во фабрички услови.
Истата е комплетирана со следната опрема:
- 20/0.4kV маслен дистрибутивен трансформатор до 1000kVA
- 20kV, SF6 средно-напонска разводна постројка
- 0.4kV ниско-напонска разводна постројка
- заземјување
- целокупна дополнителна опрема
Бетонските компактни трафостаници се дизајнирани и типски тестирани во согласност со европските стандарди EN 62271-202/2006 во Националниот институт за испитување и електротехника ICMET од Крајова, Романија.