Мерно разводните ормари за директно мерење на електрична енергија за надворешна монтажа – специјална изведба се употребуваат во нисконапонските мрежи за мерење на електрична енергија кај домаќинствата.
Карактеристично е тоа што имаат поголема механичка цвртстина и имаат две врати, внатрешна и надворешна. Надворешната врата има прозорчиња за контрола на електричните броила, додека внатрешната има прозорчиња за контрола на електричните броила како и за контрола на автоматските осигурувачи. И двете врати имаат механизам за заклучување во три точки.
Мерно разводните ормари – специјална изведба се наменети за монтажа на фундамент, столб и на ѕид.
Ормарите можат да бидат изработени од метал и полиестер зајакнат со стаклени влакна.
Сите мерно разводни ормари се изработуваат по стандардот EN 61439 и EN 60529.