Перфорираните носачи на кабли се еден од сериските производи на Раде Кончар ТЕП кои со својата конструкција, флексибилност и универзалност обезбедуваат решенија за сите ситуации кои се појавуваат при положување на кабелски инсталации во разни објекти. Ние на нашите купувачи им даваме производ со коj брзо, економично ќе обезбедат поставување на енергетските, телекомуникациски, компјутерски кабли.
Покрај стандардните типови, Раде Кончар ТЕП нуди можност за изработка на перфорирани носачи на кабел според специфичните барања на клиентите.
Перфорираните носачи на кабел се изработуваат согласно стандардот EN61537.