Раде Кончар ТЕП е добитник на престижната награда за компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа за 2023 година.
Наградата ја додели лично министерката г-ѓа Јованка Тренчевска по повод Европската недела за безбедност и здравје при работа.
По тој повод, Раде Кончар ТЕП изразува особено задоволство и благодарност за доделената награда, а пред се што бевме препознати како компанија која се грижи за своите вработени и им обезбедува здрава и безбедна работна средина, елиминирајќи ги опасностите кои можат да настанат при извршувањето на работата.
Едно нешто што ги поврзува вработените во Раде Кончар ТЕП Скопје, е тоа што сите ние како компанија, сме посветени и насочени кон елиминирање и спречување на ризиците што го загрозуваат здравјето на вработените во нашата работна средина.
Здравјето и безбедноста при работа, според нас, се однесуваат на сите аспекти на физичкото, менталното и социјалното здравје и безбедност на работното место, а наша цел и приоритет е да се обезбедат безбедни работни услови за секој работник, без исклучок, кои се прилагодуваат кон спецификите на работното место.
Политиката за безбедност и здравје при работа на Раде Кончар ТЕП, има за крајна цел, работникот по работното време, да се врати кај своето семејство, безбеден и здрав, со сето достоинство и задоволство, дека сите ние заедно ја градиме кулата на животот.