Нисконапонските разводни табли се од суштинско значење за сигурноста на електричниот систем. Истите се употребуваат за приклучување на потрошувачи на низок напон и се монтираат исклучиво во трафостаници. Предност на нашите нисконапонски разводни табли е тоа што се целосно заземјени и безбедни за манипулација додека се под напон.
Стандардните табли се разликуваат во однос на моќноста на трансформаторот и бројот на потрошувачи кои треба да се опслужат. Нашата компанија изработува и уникатни решенија, според потребите на клиентите.