Team2Win 2018 – Натпревар за инженерско идејно решение за печки на пелети

Машинскиот факултет – Скопје во соработка со Раде Кончар ТЕП по втор пат организираше натпревар за инженерско идејно решение за печки на пелети.

Натпреварот се одржа во просториите на Машинскиот факултет – Скопје. Студентите беа поделени во тимови од 4-5 члена и на 11.05.2018 се одржа завршниот настан на кој истите ги презентираа нивните идејни решенија. Комисијата избра три најдобри тимови, од кои првонаградениот ќе добие можност да развие прототип според нивното идејно решение.

Натпреварот го спонзорираше Раде Кончар ТЕП, со поддршка од Прокетот на  USAID за развој на деловниот екосистем.