Team2Win 2018 – Натпревар за инженерско идејно решение за печки на пелети
Машинскиот факултет – Скопје во соработка со Раде Кончар ТЕП по втор пат организира натпревар за инженерско идејно решение за печки на пелети.
Учество во овој натпревар ќе земат студентите на Машинскиот факултет – Скопје, поделени во тимови од 4-5 студенти. Првите три победнички тимови ќе бидат наградени од Раде Кончар ТЕП.
Натпреварот го спонзорира Раде Кончар ТЕП, со проектна поддршка од USAID во делот Business ecosystem project.