TeamWin – натпревар за инженерско решение
Машинскиот факултет – Скопје во соработка со Раде Кончар ТЕП организираше натпревар за развивање на концепт – инженерско решение за даден проблем.
Пријавените тимови разработуваа концепциски решенија за дизајнирање на печка на пелети и истите ги презентираа на крајот од натпреварот. Трите најдобри тимови беа наградени од компанијата Раде Кончар ТЕП.